Испечати

Бела торта со стевиа

Бела торта со стевиа

Состојки

  • тесто
  • 8 белки
  • 6 лажици лажици стевиа ( шеќер),
  • 6 лажици мелен орев
  • 3лажици брашно
  • 1лажица какако
  • фил
  • 8 жолчки
  • 500мл млеко
  • 4лажици стевиа
  • 100гр густин
  • 125гр путер
  • 1 фил-100 гр растопено чоколадо
  • 2 фил-125 мл млеко, 2 лажици стевиа,250 гр мелен орев
  • 200мл слатка павлака

Подготовка

Прво се ставаат белките во вангличка и се матат да се добие густ снег.
Постепено се додава стевиата.
Се мати уште кратко.
Во еден сад ги соединуваме оревите, какаото, брашното.
Ги додаваме овие состојки во изматените белки и лесно со шпатула промешуваме.
Смесата ја истураме во голем плех од релна, кој е обложен со хартија за печење.
Печиме од 10-14 мин, во зависност од релната.
Го оставаме тестото да се излади, па го делиме на три еднакви ленти
Сега во еден сад ги соединуваме на кратко со миксер, густинот, стевиата, жолчките.
Млекото го оставаме да се загрева и постепено ја додаваме смесава.
Вариме на тивок оган до згуснување.
Повремено промешуваме, за да се излади и да не фати кремот коричка.
Сега го матиме путерот и го додаваме кон претходно изладениот крем.
Кремот го делиме на два дела.
Во едниот дел ставаме растопено чоколадо.
За другиот дел на оган го ставаме млекото со стевиата, да зоврие, па ги додаваме оревите.
Кога ќе се излади, го додаваме во вториот дел од филот.
Сега трите ленти тесто ги премачкуваме прво со кафениот фил.
Ја ставаме првата лента на послужавник.
Врз кафениот фил го ставаме филот со попарени ореви, па премачкуваме со 2-3 лажици изматена слатка павлака.
Сега ја ставаме втората лента, па врз кафениот фил, ставаме фил со попарени ореви, па изматена слатка павлака.
Така постапуваме и со третата лента,
Цела торта ја премачкуваме со останатат слатка павлака и декорираме со нежни шеќерни срценца.
Нека одстои во фрижидер барем 5 часа, убаво да се спојат вкусовите.
Тортата е многу сочна и кремаста. Совет- добив послаб контраст на филовите, сметам дека и 200 гр чоколадо може да се стави.
Бидејќи и филот со попарени ореви доби потемна боја, не остана жолт,но како и да направите вкусот е неодолив.