Кремаста авокадо паста
Состојки
- 1шоља неварени ситни макарони
- 1 домат сецкан на коцкички
- 1 парче млад кромид
- 1/2 краставица сечкана на коцки
- 5-6 каламата маслинки сецкани на ленти
- 5-6 лажици авокадо паштета
- 1 мало лажиче медитерански зачин
- 1/8 лажичка сол,малку црн бибер
Подготовка
Веганска порција салата без додадени маснотии.
1. Во сад со провриена солена вода се ставаат макарони да се варат. Варете ал денте (да не се преварени). Се тргаат настрана,се измиваат со ладна вода и се цедат.
2. На даска се сецкаат домат, маслинки, кромид и краставица. Се става зачин од медитерански тревки, сол. Се додаваат макароните, најгоре се става од авокадо паштетата. Рецептот за паштета ќе го најдете на мојот профил, користејќи ја како дресинг овај пат, додадов уште малку вода да нема густа конзистенција. Мешаме сè заедно.
Уживајте во прекрасен вегански оброк.