Испечати

Сараевска торта со ореви

Сараевска торта со ореви

Состојки

  • Состојки за тесто
  • 150гр свинска маст
  • 3 шолји(средни) за кафе млеко
  • 3 јајца
  • околу 1 кгр брашно.
  • 1/2 кесе пециво
  • фил
  • 2 л млеко
  • 500гр шеќер
  • 5 јајаца
  • 15 лажици брашно
  • 500гр црно чоколадо
  • 500гр мелен орев

Подготовка

Или само ќе речам Аристократска торта, феноменален вкус има.
Припрема
Во вангличка ги ставаме маста и јајцата и матиме со миксер да се соединат, потоа го додаваме пецивото, млекото, кратко соединуваме и додаваме постепено од брашното.
Месиме со рака и треба да добиеме нелепливо тесто.
Тестото го делиме на 25 или 26 топчиња, ги покриваме со крпа да не се сушат.
Ја загреваме рерната на 190 степени.
Сега го земаме првото топче, го расукуваме во танка округла кора и го печеме на превртено тавче бр 28.требаат по 1-2 минути за да се испечат.
Додека се пече кората ние ја развлекуваме втората кора.
Постапката е иста со сите топчиња.Ги печеме и ги тргаме настрана.
Фил- во една касерола ставаме 1,5 литар млеко и го ставаме шеќерот.
Оставаме на рингла да се топли.
Во еден сад ги соединуваме останатото млеко, брашното, јајцата. Матиме со миксер.
Кога млекото ќе се стопли ја додаваме претходно спремената смеса и вариме на тивок оган до згуснување. Потоа тргаме од оган и ги додаваме чоколадото и оревите и промешуваме да се изедначи смесата.
Сега земаме едно подлабоко тенџере или подлабока тава, округла бр 28 и ја обложуваме со фолија.
Ставаме една кора и со голема лажица ставаме од топлиот фил.Израмнуваме.
Повторно кора, фил,се така додека не се потроши целиот материјала.
При редењето може корите да пукаат од филот, но не е ништо страшно, ќе си го упијаат целосно.
Најгорната кора не ја премачкуваме со фил.
Сега ја оставаме тортата да се излади и да си омекнат корите.
Кога е изладена ја покриваме со фолија и ја оставаме во фрижидер да одстои 7-8 часа.
Потоа внимателно земаме голем послужавник за торта и ја превртуваме тортата од тавата.
По желба ја украсуваме со остаток од филот или со растопено чоколадо.
Ќе напоменам дека тортата е многу голема.
Комотно може да се исечат и до 40 парчиња.
Може да се сукаат и правоаголни кори, да се печат на опачината на правоаголен плех и да се повтори постапката исто понатаму. Се сечат 3 ремени и се добиваат правоаголни парчиња торта.
Соберете храброст и направете ја вкусотијава.