Сникерс бомбици со кикирики путер
Состојки
- 130гр мелени, лупени, несолени кикиритки
- 150гр бела алва
- 100гр мелени бисквити
- 100гр кикирики путер
- Потребно е уште 50 гр чоколадирани кикиритки за внатре, за полнење, 150 гр црно чоколадо за валкање , 2 лажици масло и 20-25 зрна кикирики за декорација.
Подготовка
Подготовка:
1. Во сад, над пареа, ставаме путер од кикирики и бела алва, колку да омекнат и да се соединат. На уште топлата смеса ги додаваме кикиритките, бисквитите и месиме со рака, за да се изедначи цела смеса.
2. Земаме топче, го расплескуваме на дланката, ставаме по 3 зрна чоколадирана кикиритка и пак формираме бомбица. Ги редиме на послужавник.
3. Сега над пареа ги растопуваме чоколадото со маслото. Секоја бомбица ја потопуваме во чоколадото, ја декорираме со зрно кикиритка и ги редиме на хартија за печење да се стегнат.
*Совет - ако ви е смесата малку ронлива, за полесно формирање на бомбиците, при врзувањето додадете една лажица млеко.