Испечати

Солен македонски тарт

Солен македонски тарт

Состојки

  • тесто
  • 10гр свеж квасец
  • 1/4лажиче шеќер
  • 1лажиче сол
  • 1 јајце
  • 50мл млеко
  • 250гр брашно
  • фил
  • 2-3 страка праз
  • 1 поголема сецкана пиперка, капија
  • масло, сол, бибер
  • Прелив-2-3 јаjца, 150 гр бело дробено сирење, 120 мл јогурт, бибер.

Подготовка

Подготовка:

1. Од наведените состојки за тесто, се замесува средно меко тесто. Го покриваме и го оставаме на страна. Значи не го оставаме претходно квасецот да кисне. Доволно е тестото да кисне додека го спремаме филот.
2. На загреано масло ги пржиме празот и пиперката, околу 7-8 минути. Ги зачинуваме.
3. Во еден сад ги соединуваме јајцата, јогуртот, сирењето, биберот.
4. Сега во тава за тарт го нанесуваме тестото и малку го подигаме по зидовите на садот. Врз тестото го ставаме филот од праз и пиперка и сето го прелеваме со приготвениот прелив.
5. Печeме околу 30 минути, на 200 степени. Сервираме со чаша јогурт