Велигденско австралиско пециво (HOT CROSS BUNS)
Состојки
- 300-350гр брашно
- 20гр свеж квасец
- 2лажици шеќер(или една голема лажица мед)
- 1/4лажиче сол
- 230мл топло млеко
- 30гр растопен путер
- 1 јајце
- 80гр суво грозје или сува брусница
- 1/2 лажиче цимет, ¼ лажиче морско оревче (или 1 лажиче мешавина на зачини за медењаци)
- Смеса за украс, 2 лажици брашно, вода.
- Глазура-1 лажици шеќер, 1 лажица вода, ½ лажиче желатин
Подготовка
Една од многуте верзии на ова пециво. Можеби некому ќе му биде добредојден овој рецепт за претстојниот голем Христијански празник Велигден. Вкусот е како на милиброд
Во еден сад се ставаат млекото, шеќерот и квасецот да се активира.
Постепено се додава растопениот путер, јајцето, солта, зачините, брусницата или сувото грозје, брашното. Се замесува средно меко тесто кое не смее да лепи на рацете.
Се покрива со чиста крпа и нека кисне 20 минути.
Потоа се дели на топчиња.
Јас го поделив на 9, бидејќи печев во малата Делимано ростер правоаголна тава. Може да се пече и во округла тава бр 26. Формираните топчиња се редат во плехот и така нека стојат 15 минути.
Сега во една чаша се ставаат брашното и вода по потреба, треба да се добие погуста смеса.
Се става смесата во мало чисто најлонско кесе, и се сече врвот и се декорираат топчињата(со крвчиња).
Плехот се става во загреана релна на 200 степени и се печат околу 25 минути.
Во мал сад на оган се ставаат шеќерот, желатинот и водата колку да се соединат и истопат, не смее да провријаат.
Топли со четка се премачкуваат испечените пецива , се ладат малку, па се сервираат