Испечати

Векна од тесто со мелено пржено месо

Векна од тесто со мелено пржено месо

Состојки

  • тесто
  • 20гр свеж квасец
  • 1/2лажиче шеќер
  • 1лажиче сол
  • 2лажици масло
  • 50мл млеко
  • 120 мл топла вода
  • 1 белка
  • 320гр брашно
  • фил
  • 200гр мелено месо
  • 2 кисели краставички
  • 2 варени јајца
  • 2 млади кромидчиња
  • сол, бибер, зачин, црвен пипер, масло, оригано
  • за премачкување-1 жолчка, сусам

Подготовка

Прво во топлата вода се става квасецот со шеќерот, малку брашно да се активира. Потоа се додава сол, белката, маслото, млекото и постепено брашното. Се меси и треба да се добие нелепливо тесто. Го покриваме и оставаме во сад 45 минути да кисне.
За тоа време го подготвуваме филот. На малку масло го запржуваме белиот дел од младото кромидче, го додаваме месото, пржиме да испари течноста. Зачинуваме со сол, бибер, зачин, оригано, црвен пипер. Го тргаме од огнот и додаваме ситно сецкани кисели краставички и сецкани варени јајца. Убаво соединуваме. Сега втасаното тесто го сукаме во правоаголна кора, а врз неа го нанесуваме подготвениот фил. Виткаме ролат и го пренесуваме во долгнавест плех, во кој сме ставиле хартија за печење. Го премачкуваме со жолчка и наросуваме сусам. Кисне уште 15 мин и го печеме 25 минути на 190 степени. Испечен го ставаме на кујнска решетка да се излади, па сечеме парчиња и сервираме со чаша јогурт.
На здравје