Чоко- сладолед торта
Состојки
- Основа
- 100 гр урми
- 50 гр овесни снегулки
- 50 гр ореви
- 5 лажици вода
- Фил
- 100 гр индиски ореви
- 200 мл домашно кокосово млеко
- 3 лажици какао
- 4 лажици мед
Подготовка
1. Основа- Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20 тина минути. Во блендер ги ставаме овесните снегулки, оревите и исцедените урми. Блендираме. Во смесата додаваме 5 лажици од водата во која стоеја урмите. Блендираме. Смесата ја ставаме во кружен калак со дијаметар 20цм претходно обложен со хартија за печење. Оставаме да се стегне во фрижидер.
2. Фил- Индиските ореви ги ставаме во жешка вода да стојат 4-5 часа. Ги цедиме, ги ставаме во блендер, ги ситниме. Го додаваме домашното кокосово млеко, какаото и медот. Блендираме да се добие хомогена смеса. Филот кој ќе се добие е течен. Го ставаме врз основата и тортата ја оставаме во замрзнувач да стои неколку часа додека да се зацврсти филот. Се чува цело време во замрзнувач, бидејќи филот е течен. Пред служење ја вадиме од замрзнувач, ја сечеме и оставаме 10тина минути стои на собна температура, послужуваме.
Рецептот за кокосовото млеко можете да го најдете ТУКА.