Испечати

Проја (со сирење)

Проја (со сирење)

Состојки

  • 150 гр Царевно ( пченкарно ) брашно
  • 170 гр Брашно
  • 1 Пециво
  • 2 Јајца
  • 1 -2 м.л. Сол
  • 300 мл Млеко
  • 100 мл Масло
  • 2 г.л. Кисела павлака
  • 200 гр Сирење
  • по потреба - сусам

Подготовка

Сочна, мека, вкусна, здрава...идеална за појадок или вечера. Ова е основниот рецепт според кој најчесто ја правам, иако понекогаш додавам и други состојки освен сирењето, како на пример маслинки, спанаќ, зденки, шунка, магдонос.....што и да имам во моментот.

Подготовка -
1. Двата вида на брашно ги просејуваме и ги соединуваме со пецивото.
2. Јајцата ги матиме кратко со миксер, додаваме сол, па потоа го додаваме млекото, маслото, павлаката, па двата вида на брашно со пецивото - миксираме до хомогенизирање. На крај го додаваме сирењето ( издробено со вилушка ) и промешуваме.
3. Тавчето го намастуваме и побрашнуваме, ја истураме смесата за проја и одозгора наросуваме сусам ( може и ленено семе )
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
5. Послужуваме со чаша јогурт.

На здравје!