Сочно пилешко месо во сос од домати и целер
Состојки
- 8 обескостени пилешки копанчиња
- сол, бибер, зачин, малку оригано за маринада
- сос
- 4-5 црвени домати
- 2-3 млади кромидчиња
- 1/2 главица целер
- по желба листови целер
- 1 полна рака магдонос
- 1 лукче, малку мајчина душичка, некое зрно шеќер.
- Масло за пржење Брашно за валкање.
Подготовка
Прво пилешките копанчиња ги обескостуваме.
Ги зачинуваме и ги оставаме во фрижидер да одстојат и примат од зачините.
Сега доматите ги лупиме, ги сецкаме на коцки.
Коренот целер го сечеме на парченца.
На загреано маслиново масло ги пропржуваме парчињата месо, кои сме ги извалкале во брашно, од двете страни. Ги тргаме на страна.
Во истата маснотија ги пржиме сецканото младо кромидче и целерот.
Потоа ги додаваме доматите.
Ги додаваме зачините.
Крчка 10 минути, да се соедини се, па ги додаваме пржените копанчиња.
Крчка уште 30 минути на тивко, или се додека не се згусне сосот.
На крај посипуваме со свежо сецкан магдонос.
Сервираме со прилог од варен компир, тестенина....