Переци од спелтино брашно и куркума (хроно)
Состојки
- 500 гр спелтино интегрално брашно,
- 1 чаша кисело млеко
- 1/2 чаша растопен путер или свинска маст
- 2 жолчки
- 1-2 лажички хималајска сол
- 1 полно лажиче куркума
- 1 лажиче пециво
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче сок од лимон
Подготовка
Воодушевена сум од овие переци со спелта. Топло ви ги препорачувам да ги направите, а и количински излегуваат многу парчиња.
1. Во еден сад соединуваме брашно и куркума и промешуваме.
2. Во друг сад соединуваме кисело млеко, омекната маст или путер, жолчки, сода, пециво, сол, сок од лимон. Промешуваме со вилушка.
3. Оваа смеса ја истураме во брашното и куркумата и замесуваме нелепливо тесто.
4. Од тестото сучиме кора, со дебелина од 3-4 мм и со калапче за переци се прават форми. Ги редиме во плехови.
5. На дел од переците, прво со четка по малку ги премачкав со вода и им ставив сусам, а дел беа без сусам.
6. Ги печеме во загреана рерна околу 15 минути.
7. Ги вадиме на решетка да се изладат, па ги послужуваме.
На здравје.