Најкремаста торта
Состојки
- Бисквит
- 12 белки
- 12 лажици шеќер
- 200 гр мелени ореви
- 2 лажици брашно
- Крем
- 12 жолчки
- 50 гр брашно
- 100 гр густин
- 200 гр шеќер
- 1 ванила
- 1 литар млеко
- 200 гр Црно чоколадо со лешници
- 200 гр Бело чоколадо
- 250 гр маргарин
- 200 гр ореви мелени
- 500 мл слатка павлака
Подготовка
1. Се прави бисквитот. Може да се направи во голем плех од рерна и да се подели на 3 дела.Јас го правев по 6 белки и печев во 2 калапа одеднаш на двапати. Ми излегоа 4 кори. Се пече на 200С-15мин.
2. Крем-12 жолчки се матат со брашното и нишестето со 200мл млеко кое е одземено од литарот. Во тенџере се става преостанатото млеко се вари заедно се шеќерот. Се мешаат жолчките и се вари какао пудинг. Веднаш се дели на два дела. Во едниот се става црното чоколадо, а во другиот белото чоколадо. Се оладува кремот и се додава во секој дел по 125гр маргарин и убаво се изработува. Во белиот дел се става мелени ореви.
3. Се мати хоплата до цврстина.
4. Начин- се реди кора, црн фил, бел фил, хопла,кора... Одозгора ја украсив со мелени ореви и хопла. Вкусно и богато освежување за секое непце.