Рум бомбици
Состојки
- 60 гр урми
- 100 гр овесни снегулки
- 2 лажици путер од кикиритки
- 1 лажица кокосово масло
- 3 лажици вода
- 1 лажиче рум арома
- 20 гр брусница
Подготовка
1. Урмите ги потопуваме во жешка вода да стојат 15тина минути.
2. Во блендер ги ставаме овесните снегулки, исцедените урми, путерот од кикиритки и кокосовото масло. Блендираме. Во смесата додаваме од водата во која стоеја урмите, блендираме.
3. Смесата ја ставаме во длабок сад. Ги додаваме рум аромата и брусницата. Со рака ја месиме смесата. Формираме бомбици.
4. По желба ги украсуваме со стопено темно чоколадо со 70 % какао.