Печени ребра со мед, сенф и ворчестер сос
Состојки
- Состојки
- 1,2 кг свински ребра
- 2 лажици мед
- 2 лажици сенф
- 2 лажици ворчестер сос
- 1 лажица кечап
- 400 мл црвено вино
- 4 лажици зејтин
- 100 мл вода
- Од зачини сол, црн пипер, црвен пипер
Подготовка
1. Ребрата ги засекуваме и ги премачкуваме со сол, црн пипер и црвен пипер. Вака зачинети нека отстојат 3 часа.
2. Во плехот во кој ќе ги печеме ставаме зејтин и ги ставаме ребрата. Ги ставаме во рерна на 200 степени да се запечат од едната, па од другата страна (по 10 минути од страна).
3. Во еден сад мешаме мед, сенф, кечап, ворчестер сос и 200 милилитри вино. Со половина од преливот ги преливаме ребрата од едната страна, а 200 милитри вино и 100 милилтри вода ставаме на дното од плехот. Враќаме во рерна.
4. Откако ребрата ќе поруменат од едната страна (околу 30 минути), се вадат , се вртат и со остатокот од преливот се премачкува другата страна од ребрата и се враќаат во рерна. Откако и другата страна ќе порумени готови се за служење.
Како додаток најдобри ви се печени компири, ама тоа е по желба. Добро би ви дошла и чаша црвено вино.
На здравје.