Испечати

Пире од спанаќ

Пире од спанаќ

Состојки

  • 1 кг Спанаќ
  • 3-4 чешниња Лук
  • 1 главица Кромид
  • 2 г.л.(рамни) Брашно
  • малку масло или путер
  • 400 мл Млеко
  • по вкус сол и црн пипер

Подготовка

Првпат го правам, ама дефинитивно не и последен. За љубителите на спанаќ топло ви го препорачувам овој рецепт, кој е од постарите рецепти кои вредат да се направат. Според тетка ми (од која ми е даден рецептот) ова Спанаќ пире најчесто се служи како прилог со месо по свој избор, меѓутоа одлично оди и со кисело млеко или павлака (исто како стандардно приготвениот спанаќ).

1. Најпрво ги сечеме дршките на спанаќот, па го миеме и го ставаме да се вари околу 10 минути. Потоа го цедиме и на даска ситно го сецкаме (јас во рачниот сецко Делимано џој).

2. На загреано масло или путер ги пропржуваме лукчето и кромидот (ситно исецкани) па го додаваме брашното...пржиме неколку минутки, па го додаваме ситно исецканиот спанаќ. Го пржиме и него неколку минутки, па почнуваме со додавање на млекото, малку по малку со непрекинато мешање на тивок оган.

3. На крај посолуваме и додаваме црн бибер по вкус.

На здравје!