Испечати

Шпагети со сос од печурки и салама

Шпагети со сос од печурки и салама

Состојки

  • 400 грама салама
  • 1 кг свежи шампињони
  • 2 пакетчиња шпагети
  • 350 грама павлака
  • 1 супена лажица брашно
  • 2 парчиња лук

Подготовка

1. Ги ставаме шпагетите да се варат.
2. Саламата ја сечиме на кругови, па на ленти и ја ставаме на тивок оган (2-ка)да се пропржи.
3. Шампињоните ги сечкаме на поголеми парчиња и ги додаваме во тавчето на оган и заедно ги пропржуваме со саламата. Додаваме сол, бибер и оригано.
4. Откако ќе омекнат шампињоните ја додаваме павлаката која претходно сме ја раствориле со половина финџал вода .
5. Во садот каде што ја растворивме павлаката додаваме 1 супена лажица брашно и уште половина финџал вода и добро мешаме и ја додаваме смесата во шампињоните.
6. Ситно го сечкаме лукот (по желба колку сакате ставете лук ако не сакате, не морате ) и го додаваме кај шампињоните и сето тоа се готви на тивок оган се додека не добие одредена густина. Повремено мешаме.
7. Ги сервираме шпагетите и ги налеваме со сосот.
8. По желба може да се стави и малку лута букоска.