Испечати

Тараненик

Тараненик

Состојки

  • 400 гр Јуфки
  • 150 гр Тарана
  • по потреба масло, вода и сол

Подготовка

Вкусен појадок, кој може да биде и брз ручек во недостиг на време...па и вечера. Пробајте го

Подготовка -
1. Во тава (јас користев правоаголна тава со димензии 35х25) ставаме 1/3 од јуфките, па пола од тараната, пак ставаме 1/3 од јуфките, па останатата половина од тараната. Завршуваме со јуфки. Ги попрскуваме со масло за јадење.
2. Тавата ја ставаме во загреана рерна на 250 степени додека да заруменат (внимавајте да не изгорат состојките).
3. Во исто време ставаме вода со сол да зоврие. Потпечениот тараненик го попаруваме со врелата солена вода, одприлика еден прст над нив. Враќаме во рерна да се испече, додека да изврие целата течност.
Послужуваме топло со сирење или јогурт.

На здравје!