Испечати

Домашен здрав нутела крем

Домашен здрав нутела крем

Состојки

  • 100 г лупени потпечени лешници
  • 1 полна лажица какао
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица омекнат кокосов путер

Подготовка

Еден од најпознатите италијански продукти покрај пицата и тестенините е секако нутела кремот. Нема некој кој не го сака, а мене ми е магичен вкусот на лешник измешан со чоколадо. Затоа дома си подготвив моја нутела со многу многу лешници и здрави состојки.

ПРИПРЕМА

1. Прво лешниците потпечете ги за да ги ослободат мирисите и мастите. Печењето направете го во обично тавче на рингла на средна температура со повремено мешање околу 7 минути. Не треба да се подмачкува тавчето. Оставете ги да се подизладат.
2. Потоа ставете ги во блендер или процесор за храна и блендирајте ги со прекини и мешање околу 10 минути. Прво ќе се сомелат, потоа ќе почнат да стануваат лепливи за на крај да добиете густ крем/путер од лешници. Потоа додадете го какаото, медот и растопениот путер од кокос и изблендирајте до изедначување на смесата.
3. Сместете го кремот во тегличка и чувајте го на собна температура. Ваквиот крем може да го мачкате на леб, на палачинки, да го користите во филови, за торти, колачи и се што ќе ви текне на памет. Јас така си го сркав :)