Оброк палента
Состојки
- 900 мл вода
- 200 гр инстант палента
- 1 лажиче сол
- 20 гр путер
- 2 полни лажици кисела павлака
- 150в гр сирење
- 100 гр кашкавал
- за сервирање со палентата ајвар, маслинки, перца млад кромид
Подготовка
1. Ставете ја водата и солта да зовријат, па полека со мешање додадете ја палентата и мешајте на потивок оган 2 минути.
2. Додадете го путерот и откако ќе измешате исто така и павлаката. Павлаката ќе ѝ даде кремаст иглед на палентата.
3. Потоа издробете го сирењето и изрендајте го кашкавалот и измешајте ги.
4. Ставете ја палентата во намрсен калап и за кратко превртете ја на рамна чинија.
5. Одозгора сервирајте со ајвар, маслинки и перца од млад кромид.