Плазма торта
Состојки
- Тесто
- 4 Јајца
- 8лаж. Шеќер
- 8лаж. Брашно
- 2лаж. Какао
- 4лаж. Мелено ореви
- 100мл. Зејтин
- 200мл. Млеко
- 200гр. Мелено плазма
- 250мл. Млеко
- 150гр. Маргарин
- 150гр. Прав шеќер
- 250гр. Маскарпоне
- 4лаж. Црн еурокрем
- 1 Чоколада за готвење
Подготовка
1. Се матат јајцата убаво заедно со шеќерот се додека не се добие убава смеаса се додава зејтинот и млекото и продолжува да се мати, по кратко време се додава брашното, какаото, оревите и прашокот за печиво. Во тепсија од шпоретот се става фолија за печење и се истура смесата за печење. Ја печев кората во загреана рерна на 200° 20минути.
2. Додека се пече кората се прави филот. Се мати со миксер маргаринот со прав шеќерот пенесто се додава млекото и мелената плазма сето тоа убаво се мати да се соедини. Откако ке се испече кората ја делам на три еднакви делови. Постапката е кора, фил, кора, фил, кора.
3. Настрана во сад ги мешам маскарпонето, еурокремот и топеното чоколадо. Така со соединетата смеса ја премачкувам цела торта и од горе ја наросив со мелено ореви.
На здравје и добар апетити.