Таљатели со пилешко филе и печурки
Состојки
- 200 гр. таљатели
- 300 гр. чадено пилешко филе
- 300 гр. печурки
- малку маслиново масло
- 50 гр. путер
- 1 главица ситно сецкан кромид
- 1-2 чешниња лук
- 2 лажици брашно
- 500 мл. млеко
- по вкус сол, мелен црн пипер, морско оревче, некој ваш омилен зачин
- малку рендан пармезан или кашкавал
Подготовка
Вкусни, превкусни, топло ви ѓи препорачувам....
1.Најнапред во зовриена солена вода се става пастата да се вари према упатството на паковањето.Се цедат и се оставаат на страна.
2.На малку масло се пропржува сецканото филе. Се вади од тавата.
3.Се става путерот да се растопи и малку масло, па се додава сецканиот кромид да се пржи со малку сол. Се додаваат печурките, па лукчето, сето тоа да се пропржи убаво. Додавам и малку мелен црн бибер. Потоа се додава брашното, убаво се пржи и се додава млекото.Се меша постојано додека згусти сосот и добие на густина. Ги додаваме зачините по желба и вкус, па филето. Сосот е готов.
4.Се излева во таљателите, убаво се мешаат, се наросуваат со пармезан или ситно рендан кашкавал.
На здравје!