Испечати

Брз појадок со тортиљи

Брз појадок со тортиљи

Состојки

  • 4 големи тортиљи
  • 3 јајца
  • 1 домат
  • 220 гр шункарица
  • 180-200 гр кашкавал
  • сол, пимент, италијански зачини

Подготовка

1. Со вилушка изматете ги јајцата, посолете и додадете малку пимент или црн бибер. Јас биберот го заменувам со пимент заради иритација во желудникот. Кашкавалот изрендајте го, а шункарицата да е исечена на тенки кругови. И доматот исечкајте го на потенки кругови.

2. Ќе ви треба нелеплива тава за оваа вкусотија која ќе ја премачкате со путер и над него ќе ставите малку помалку од половина од матените јајца. Извртете ја тавата насекаде по дното да има.
Врз нив ставете една тортиља, а врз неа наредете шункарица и посипете со ренданиот кашкавал и италијанскиот зачин, па поклопете со уште една тортиља. Врз таа тортиља наредете ги круговите домати и посипете ги со рендан кашкавал и италијанскиот зачин. Поклопете со тортиља врз која ќе наредите исто како првиот пат со шункарицата и завршете повторно со тортиља.
Врз неа распоредете го остатокот од разматените јајца насекаде.

3. Поклопете ја тавата со капак и ставете ја на загреана рингла на ниска температура. Кај мене од 9 можни, се печеше на 5ка. По правило треба така да се пече 5 минути, но јас секогаш пролонгирам. Всушност се водам на мирисот. Кога ќе ми замириса на печено (не на изгорено хаха) се отвора капакот и се превртува од другата страна. Повторно поклопете и оставете 5 минути.

Готово е! Веднаш ставете го на поголема рамна чинија и навалете!