Испечати

Жу-жу кифлички

Жу-жу кифлички

Состојки

  • 2 јајце
  • 1лажица шеќер
  • 1лажиче сол
  • 100мл млеко
  • 100мл јогурт
  • 100мл масло
  • 100гр кисела павлака
  • 700гр брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • Фил-200 гр путер или маргарин, 200 гр урда.
  • За премачкување-1 јајце, сусам

Подготовка

Преубави, меки, вкусни....Топло ви ги препорачувам

Најпрво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и едно лажиче брашно. Промешуваме и нека се активира квасецот. Сега ги додаваме јогуртот, маслото, киселата павлака, јајцата, солта. Промешуваме. Постепено додаваме од брашното и замесуваме нелепливо тесто. Го покриваме и оставаме да одстои 20 минути, да кисне.

Ако ви се чини голема количината на тесто поделете ја на 2 дела, ако не работете со цела количина. Втасаното тесто го расукуваме во правоаголна кора. Ја премачкуваме со путер или маргарин и врз него ја наросуваме урдата. Виткаме ролат. Го ставаме на послужавник и го чуваме во фрижидер 30 минути.

Потоа од ролатот формираме долга правоаголна форма, која ја сечеме на триаголници. Виткаме кифли.
Ги редиме во тава и ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме сусам. Киснат 20 минути и ги печеме околу 25 мин на 200 степени.

Уживаме во мекоста и вкусот на овие кифли.