Триаголници со праз и кисела зелка
Состојки
- 250гр кори
- 500гр кисела зелка
- 1 страк праз
- Сол бибер масло
- За премачкување
- 1 јајце
- 100мл кисела вода
- 50мл масло
- 1лажица брашно
- 1лажиче пециво
- Сусам за одозгора.
Подготовка
1. Прво на загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз. Тргаме на страна, додаваме во тавата маснотија и ја пржиме ситно сецкана кисела зелка. Потоа состојките ги соединуваме, додаваме сол бибер.
2. Во мал сад ги соединуваме сите состојки за премаз. Земаме прва кора со четка ја премачкуваме со течноста, расфрламе фил и виткаме триаголници. Постапката е иста со цел материјал. Печеме во загреана релна на 180 с околу 30 минути
Сервираме топли