Посен десерт со газоза, орев и слатко од дуњи
Состојки
- 220мл газоза сок
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици масло
- 9 лажици брашно
- 2 полни лажици слатко од дуњи
- 3 лажици мелен орев
- 1 лажиче цимет
- 1/2 лажиче куркума во прав
- 1 лажиче пециво
- 1/4 лажиче сода бикарбона
Подготовка
1. Во сад ги ставаме сите суви состојки и ги промешуваме со лажица. Додаваме масло, слатко и газоза сок. Смесата убаво со лажица ја соединуваме и ја истураме во мала, правоаголна ростер тава, или округла тава бр 20-22 или во мали калапи, кои се малку намастени и набрашнети.
2. Печеме околу 25 минути во загреана рерна на 180 с. Оставаме десертот на решетка да се излади.
Декорираме по желба, кај мене со малку растопено чоколадо и послужуваме