Испечати

Витамин Ц Смути

Витамин Ц Смути

Состојки

  • 1 Лимон
  • 1 Портокал
  • 1 Киви
  • 8-10 Урми
  • 100 мл Вода

Подготовка

Во овој период многу ни се потребни витамините, а најпрактичен начин за нивно конзумирање според мене е со правење смути во секакви комбинации по ваша желба и вкус. Можностите се неограничени... Една од нив е и овој смути напиток, богат пред се со витамин Ц.

1. Лимонот, портокалот и кивата ги лупиме од кората. Ги отстрануваме семките (од лимонот, урмите и портокалот). Сите состојки ги сецкаме на помали парчиња. Ги ставаме во садот за блендирање, ја додаваме и водата.
2. Блендираме во Нутрибулет или Мултифреш и послужуваме веднаш. 

Забелешка - Доколку немате урми, засладете со додавање на мед.

На здравје!