Испечати

Чоко малина мус во чаша

Чоко малина мус во чаша

Состојки

  • 200мл слатка павлака
  • 200гр темно чоколадо
  • 1лажица шеќер
  • 200гр замрзнати малини
  • 100мл вода
  • 1-3лажици шеќер
  • 1лажица густин
  • 5-6 бисквити

Подготовка

Во касерола на оган ја ставаме слатката павлака да се загрее до точка на вриење. Го додаваме искршеното чоколадо и постојано мешаме до изедначување на смесата. По желба додаваме и една лажица шеќер. Ја оставаме добро да се излади.

Потоа ја матиме со миксер, внимаваме да не биде многу цврста. Во секоја чаша на дното ставаме по една искршена бисквита. Со помош на лажица го распоредуваме чоколадниот ганаш во 5-6 чаши.
Оставаме на страна.

Во касерола ги ставаме малините, шеќерот и половина количина на водаОставме на тивок оган да крчка. Во остатокот на вода го раствораме густинот. После 2-3 минути вриење на овошјето го додаваме густинот и вариме уште кратко, 1-2 минути. Малку нека се подизлади и во секоја чаша ставаме по една лажица.

Сервираме и уживаме.