Пилешко во Air Fryer
Состојки
- 1 парче пилешки стек
- 1 лажиче сенф
- 1 лажиче сол
- ½ лажиче мешан сув зачин
- ½ лажиче црн бибер
Подготовка
1. Стекот го сечеме на парчиња, во големина по желба. Го ставаме во длабок сад. Ги додаваме сенфот и зачините. Со раце убаво мешаме да се опфатат сите делови.
2. Го ставме стекот во Air Fryer- от, печеме на 180 степени 15-20 минути зависно колку попечено сакате и повремено промешувајќи.