Овесна каша со капини и банани
Состојки
- 50 гр банани
- 50 гр капини
- 60 гр овесни снегулки
- 130 гр цврст јогурт
- 5 гр цимет
- 100 мл бадемово млеко
Подготовка
1. Се пасираат овошјата и се мешаат со овесните снегулки.
2. Потоа се додава јогуртот и циметот и откако ќе се измеша се додава бадемовото млеко.
3. Се убаво се меша и се става во тегличка, чиниче или чаша, се покрива и се остава во фрижидер да отстои 1 час.
Потоа одозгора се додаваат капини и банани и низ нив сечкано чоколадо.