Испечати

Печени лешници во Air Fryer

Печени лешници во Air Fryer

Состојки

  • 150 гр домашни лешници
  • 1 лажица вода
  • 1 лажиче брашно
  • 1 ½ лажиче сол

Подготовка

1. Лешниците ги ставаме во длабок сад. Ја додаваме водата и промешуваме. Ги додаваме брашното и солта , убаво промешуваме за да се нафати на лешниците.
2. Лешниците ги ставаме во Air Fryer. Печеме на 180 степени околу 15 минути. По 5 минути отворете ги промешајте ги и вратете ги за да печат уште 10тина минути, повремено проверувајќи ги да не ги препечете.