Испечати

Турска Гриз Алва (посно)

Турска Гриз Алва (посно)

Состојки

  • Мерка 1 шол од 200 мл
  • 2 шољи (380 гр) Шеќер
  • 2 шољи (400мл) Вода
  • 1 шол (160 гр) Гриз
  • пола (125 гр) Маргарин
  • 100 гр Ореви (мелени)

Подготовка

Овој тип на алва имав прилика неодамна да ја вкусам кај една пријателка. Слична е со класичната алва со зејтин, меѓутоа сепак е различна по мирис и вкус... Има поинаков шмек. Како и да е, секоја е убава на свој начин.

Подготовка -
1. Шеќерот и водата ги ставаме во некој сад, промешуваме неколку пати за да се растопи шеќерот.
2. Во тенџере на тивок оган го ставаме маргаринот да се стопи. Откако ќе зоврие, ги додаваме гризот и оревите. Непрекинато мешаме со дрвена лажица до заруменување.
3. Сега ги додаваме водата со растопениот шеќер полека, внимавајќи да не прска. Мешаме додека гризот да го впие шербетот.
4, Готовата алва се истура во некој сад или силиконска модла (по желба). Се остава да се излади и стегне, па сечеме на коцки или баклави.

Забелешка - Доколку не ви е битно дали е посна алвата, заменете го маргаринот со путер.

На здравје!