Испечати

Редена баклава

Редена баклава

Состојки

  • 400 гр ореви
  • 1чаша шеќер
  • 1чаша зејтин
  • 1чаша кисела вода
  • 2пакетчиња пециво
  • шербет
  • 700 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • 1 кора од лимон
  • 1 лимон на тркалца
  • 500 гр кори за баклава

Подготовка

Уште една одлична баклава.

1. Помешајте ги зејтинот, киселата вода, пецивото и шеќерот.

2. Корите земете ги и редете ги во тавче. Ставете една кора, па попрскајте со преходно подготвената смеса. На секоја кора прскајте, а на третата попрскајте и ореви.

3. Редете така додека имате кори. Кога ќе завршите,пресечете на коцки и веднаш ставете да се пече.
Нека се пече на тивко. кога ќе ја добие убавата златеста боја, исклучете и оставете малку да постои во рерна.

4. Спремете го шербетот, па кога баклавата ќе биде ладна, попарете ја. Шербетот се вари на стандарден начин. Се ренда кората од лимон во него, а пред крајот кога ќе се тргне од оган, се додаваат кругови лимон. Нека постои малку да одмори од вриењето, па полека попарете ја баклавата.

Забелешка
Чашата е од 250 до 300 мл.
Лимонот пред да се употреби убаво да се истие со сода и да отстои во вода со сода.