Испечати

Највкусна компир манџа

Највкусна компир манџа

Состојки

  • 500 гр Свинско месо
  • 300 гр Компири
  • 2 Моркови
  • 200 гр Печени пиперки
  • 250 мл Домата
  • 1 Ловоров лист
  • 1 Праз

Подготовка

1. Месото исечете го на коцки и ставете го да се вари. Во свареното месо додајте ги компирите и морковот сечен на коцки.
2. Празот исечете го и ставете го да се пржи, додајте рендан морков и сечени печени пиперки. Пропржете 10 минути на тивко. Во празот истурете ја доматата, па пропржете уште 5 минути.
3. Кога ќе се сварат компирите во тенџерето истурете ја смесата од праз и домата нека проврие се заедно уште неколку минути.
Во манџата додајте лук и магдонос, посолете, ставете црн бибер и зачини по вкус.

На здравје.