Домашни палачинки со крем и банана
Состојки
- 2 јајца
- 500мл. млеко
- 100мл. кисела вода
- 1лажичка сол
- 2лажици шеќер
- 50мл. масло
- 4 шолји (90мл)брашно
- 2-3 банани
- 200мл. слатка павлака
- 200гр. крем
- јагоди и течна чоколада
Подготовка
1. Изматете ги јајцата, додајте им сол, шеќер и млеко, кисела вода и масло. Додајте брашно и матете додека не ги стопите грутките кои се прават во тестото. Ова главно зависи од брашното, но треба да добиете многу густа смеса за палачинки.
2. Оставете ја смесата да отстои 20-ина минути, а потоа печете ги палачинките на силен оган.
Откако ги подготвивме палачинките ги премачкувате со крем ставате половинка од банана и мотате.
Палачинките ги декорирате со слатка павлака јагода и чоколадек прелив
Уживајте!