Испечати

Крофни со банана

Крофни со банана

Состојки

  • 500гр. брашно(-+ 100гр.)
  • 250мл. млеко
  • 30мл. масло
  • 2 јајца
  • 1лажица ракија
  • 1лажичка пециво
  • 1 сув квасец
  • 1/2лажичка сол
  • 1лажицка шеќер
  • 1 кора од лимон
  • за полнење крем и банана,течна чоколада
  • 50гр. шеќер во прав

Подготовка

1. Загрејте го млекото и ставете го во длабок сад. Додајте ги квасецот, пецивото и шеќерот. Добро изматете со маталка. Додајте половина од брашното (350 гр) и промешајте.
2. Изматете ги јајцата, лажицата ракија и додајте ги во смесата заедно со солта и маслото. Добро промешајте. Ставете го во садот и остатокот од брашното и мешајте за смесата да се соедини. (Доколку смесата која ќе ја добиете е премногу леплива, тогаш можете да додадете уште околу 50 гр брашно.)
Набрашнете го тестото, покријте го со чиста крпа и оставете го околу 20 минути на топло место, додека да порасне.
3. Кога ќе се удвои тестото, на даска поросете брашно. Замесете го тестото и развлечете го за да направите кора со дебелина од околу еден сантиметар. Со калап за крофни или со чаша исечете кругови и наредете ги на набрашнет плех или чиста крпа. Покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат околу 20 минути.
4. Пржете ги крофните на тивок оган. Ставете ги крофните да се пржат наопаку, односно горе да биде страната на која лежеле додека отстојувало тестото. Веднаш штом ќе ги ставите да пржат, покријте ги накратко со капак. Откако крофните ќе добијат златна боја, извадете ги од маслото и ставете на кујнска хартија за да се впие вишокот масло. Изладените крофните со помош на шприц наполете ги со крем.
5. Јас направив една убава комбинација со банана и крем. Готовите крофни поросете ги со шеќер во прав. Декорирајте со чоколаден прелив.За поубава арома додадете во тестото рендана кора од лимон.
На здравје!!!