Испечати

Штрудли со банана и крем (од лиснато тесто)

Штрудли со банана и крем (од лиснато тесто)

Состојки

  • 1 готово лиснато тесто
  • 2 банани
  • 4 лажици какао крем
  • 1 жолчка
  • кршени лешници

Подготовка

Прекрасен и брз десерт со готово лиснато тесто. Идејата ја имав одамна, само сега ја реализирав. Штрудлата е прсти да излижеш.

Подготовка

1. Раширете го лиснатотото тесто во правоаголна форма и поделете го на два дела. На средишниот дел намачкајте крем, попрскајте кршени лешници и ставете по 1 сецкана банана. Исечете го тестото како на сликите и преклопете го.

2. Добиените штрудли премачкајте ги со жолчка и попрскајте ги со кршени лешници и ставете ги да се печат на максимална температура 20тина минути или додека не поруменат.

3. Оставете малку да се изладат после печење оти може да се изгорите од жешкиот крем. Можете наместо какао крем да ставите и пудинг или друг фил.