Испечати

Домашни тортиљи со чиа семе

Домашни тортиљи со чиа семе

Состојки

  • 200 гр брашно од спелта
  • 10 гр свеж квасец
  • ½ лажиче кафеав шеќер
  • 50 мл топла вода
  • 3 лажици чиа семе
  • 1 лажиче сол
  • 4 полни лажици кисело млеко

Подготовка

Тортиљи обожавам, често ги купувам, но поради состојките на купечките решив да пробам да направам домашни и излегоа успешни. Од оваа количина јас добив 3 големи тортиљи.
1. Во длабок сад го ставаме брашното. Во средината правиме вдлабнатина. Квасецот го кршиме на парченца, го ставаме во влдабнатината. Во квасецот го додаваме кафеавиот шеќер и топлата вода. Врз вдлабнатината ставаме малку од околното брашно, нежно да се покрие. Оставаме да стои 5-10 минути. Замесуваме тесто. Ги додаваме солта, чиа семето и постепени го додаваме киселото млеко. Го месиме тестото. Формираме топка. Покриваме со крпа и оставаме да одмори 20 минути.
2. Земаме дел од тестото ( јас направив 3 тортиљи од оваа количина ), го ставаме на работна површина на која ставаме маслиново масло и расукуваме кружно тенко тесто.
3. На оган ставаме тавче со нелепливо дно да се загрее. Ја ставаме тортиљата во тавчето со долната страна која ни е со маслиново масло, печеме на средна температура 4- 5 минути, внимателно да не изгори, ја превртуваме , печеме уште 4-5 минути зависно од ринглата.
4. Полнете ги по сопствена желба, јас ги премачкав со намаз од билки, листови свеж спанаќ, варено јајце и сушени домати во маслиново масло.