Пикант торта
Состојки
- Бисквит
- 10 белки
- 10 лажици шеќер
- 4 лажици мелени бисквити
- 125 г сецкани ореви
- Фил
- 10 жолчки
- 10 лажици шеќер во прав
- 100-150 г чоколадо
- 250 г путер
- 100 г шеќер во прав
- 125 г сецкани ореви
Подготовка
Овој рецепт е од тетратката на мајка ми, пишуван сигурно пред 30 години и што е најинтересно, јас го имам препишувано рецептот во тетратката, кога сум имала 10тина години и ги препишував рецептите на мајка ми кои ги пишувала на ливчиња во нејзината тетратка која се уште ја користи. Тортата е баш старинска, како порано што ги правеле нашите мајки, со љубов и без многу дотерување како сега кога повеќе време се посветува на изгледот одошто на вкусот.
Припрема
1. Изматете ги белките со шеќерот во цврст шлаг, додадете ги мелените бисквити и оревите и измешајте со шпатула или дрвена лажица. Истурете ја смесата во најголемиот плех од шпоретот обложен со хартија за печење и ставете да се пече на 180 степени околу 10 минути. Откако ќе се испече и ќе се олади, отстранете ја хартијата за печење и поделете го бисквитот на 3 ленти.
2. За фил- Изматете ги жолчките со шеќерот во прав и ставете ги на пареа да се сварат заедно со чоколадото. Убаво измешајте да се изедначи смесата и оставете да се излади целосно.
3. Путерот изматете го со шеќерот во прав и додадете го кон изладената смеса од жолчки и изматете убаво. Кон оваа смеса додадете 125 г сецкани ореви и измешајте.
Филувајте ред кора, ред фил и на крај посипете ја тортата со печен лешник или орев