Испечати

Намаз со куркума и таан

Намаз  со куркума и таан

Состојки

  • 2 лажици мед
  • 3 лажици таан
  • 1/2 лажиче куркума во прав ( ако имате ставете свежа куркума )
  • 1 цм свеж ѓумбир
  • 2 лажици масло од сусам

Подготовка

Одличен рецепт кој е повеќе од потребен во ова време. Заштитува,потхранува и секако има одличен вкус. Се работи за куркумата, за ѓумбирот, таанот и медот.
1. Смесата соединете ја добро. Матете убаво со лажичката, таанот и медот да се спојат убаво со останатите состојки.

2. Постепено додавајте го маслото, зашто бега од смесата, матете и ставајте по малку да се впие.
Вака спремната смеса, намаз користете ја наутро по една лажичка или пак како десерт намачкана на залачиња .
Нека вие слатко и на здравје