Испечати

Чоко-банана коцки

Чоко-банана коцки

Состојки

  • за кекс
  • 3 јајца (на собна температура)
  • 7 лажици шеќер кристал
  • 1 ванилин шеќер
  • 7 лажици млеко
  • 7 лажици брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 4 лажици рендано чоколадо
  • пудинг
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 2 лажици шеќер
  • 350 мл. млеко
  • 1 лажица маргарин
  • дополнително
  • 2 банани
  • 1 ќесичка прелив за торти (проѕирен)
  • 40 гр. шлаг пена
  • 120 мл. млеко (ладно)

Подготовка

Вкусен чоко-банана десерт во форма на коцки, една непогрешлива комбинација, колач освежителен и личен.
1. Со миксер ги матиме јајцата и шеќерите до пенаста смеса. Се додава млекото, брашното и пецивото (заедно просеани), се мати на послабо.
2. Во оваа смеса се става ренданото чоколадо и се меша со шпатула, се истура во намрсено и набрашнето правоаголно тавче (јас ја користев малата ростер тава од Делимано), и се пече во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути.
3. Се вари пудингот со наведените состојки, додека е жежок се става маргаринот, се меша да се стопи и потоа веднаш се нанесува врз испечениот и изладен кекс.
4. Кога ќе излади пудингот се сечкаат бананите на кругови и се редат врз пудингот, одма се подготвува проѕирниот прелив за торти според упатството и се истура врз бананите.
5. Кога добро ќе се излади, колачот се сече на коцки, се мати шлагот и се декорираат коцките. На здравје!

(517)