Испечати

Брза погача со шунка и сирење

Брза погача со шунка и сирење

Состојки

  • Состојки
  • 600 гр брашно
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 3 лажици зејтин
  • 300 мл млеко
  • 100 мл вода (за стасување на квасецот)
  • 100 гр шунка
  • 50 гр сирење
  • Потребно е уште зејтин и ким

Подготовка

Ако набрзина сакате да приготвите вкусен појадок или вечера , ова е рецептот кој ќе ве заинтересира.
1. Во еден помал сад ставаме 100 милитри млака вода со квасецот, една лажица шеќер и малку брашно. Промешуваме и оставаме да надојде квасецот.
2. Во подлабок сад ги ставаме брашното, млекото, сол, зејтин и го додаваме надојдениот квасец. Матиме со миксер. Оставаме да надојде тестото (да го дуплира својот волумен).
3. Ситно ја сецкаме шунката и сирењето и ги додаваме кон смесата и пак матиме со миксер.
4. Во подмачкано тавче бр.28 ја истураме смесата и одозгора премачкуваме со зејтин и поросуваме со ким. Оставаме околу 15 минути повторно да стаса односно ја вклучуваме рерната на 180 степени и кога ќе исклучи, ја ставаме погачата да се пече околу 35 минути.
5. Готовата погача ја оставаме да олади и потоа ја сечеме на парчињаи ја служиме со кисело млеко.