Урмашици на чешел со полнеж од ореви
Состојки
- филџан - 90мл
- Тесто
- 2 јајца
- 2 филџани шеќер
- 2 филџани масло
- 3 гр (рамно чаени лажиче) прашок за печење
- околу 430 гр брашно
- Шербет
- 9 филџани вода
- 5 филџани шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- Уште
- грст ореви
- 80 гр бадеми
Подготовка
1. Јајцата разматете ги и измешајте ги со шеќерот. Додадете го маслото, измешајте, па мал дел од брашното и пецивото и мешајте со дрвена лажица при што постепено ќе додавате од брашното и ќе мешате додека смесата не дојде за месење. Потоа со рака измесете глатко тесто. Во зависност од големината на јајцата брашното може да варира, па додајте за почеток до 400 гр и потоа со месење ќе внимавате да добиете мазно тесто, глатко, да не е пресуво.
2. Од тестото кинете парчиња со тежина од 20 гр (големина колку орев) и обликувајте ги во топчиња.
3. Ни треба нов чешел, голем со крупни запци, измиен за обликување на овие колачи. Од обликуваното топче се сука ваљак со должина колку запците на чешелот. Се става врз него и нежно се расплескува по неговата површина.
4. Оревите кај мене се мелени, но ви предлагам крупно да ги измелЕте за подобар ефект.
Врз расплесканото тесто на чешелот во должина наросете од мелените ореви и потоа краевите собирајте ги со рака и спојувајте ги. Благо излизгајте го свитканото ваљаче од чешелот и завиткајте го како потковица, па спојте ги краевите.
5. Обликуваните урмашици редете ги во намрсен плех, а во средината ставете по еден бадем.
Печете ги на 180С 20на мин.
6. Во меѓувреме спремете го шербетот. Ставете ги водата и шеќерот во тенџере да зовријат и нека вријат 5 мин. Тргнете и додадете ја ванилата. Измешајте да се соедини.
7. Топлите печени урмашици се преливаат со топол шербет.
*Не ги оставајте долго во шербетот, само додека впијат (за отприлика нецел саат време, ќе пробате), па преместете ги во друг плех и дел од шербетот зачувајте ако има потреба да се дотури врз некои (нема, ама сепак во една чаша зачувајте си).