Испечати

Чоко - Плазма Баклава (цигар баклава)

Чоко - Плазма Баклава (цигар баклава)

Состојки

  • 500 гр Кори (потенки)
  • 250 гр Путер (маргарин)
  • 100 гр Ореви (мелени)
  • 200 гр Чоколадо ( рендано )
  • 300 гр Плазма бисквити (мелени)
  • Шербет
  • 800 мл Вода
  • 800 гр Шеќер
  • 3-4 парчиња Лимон - по желба
  • за декорација - 150 гр чоколадо

Подготовка

Вкусна баклава, која можете да си ја направите според потребите, во посна или мрсна варијанта. Исто така излегуваат многу парчиња, поточно 60 согласно бројот на корите...во случајов кај мене имаше 15 кори кои ги сечеме на 4 парчиња.

Најпрво почнуваме со подготовка на шербетот -
1. Ги ставаме шеќерот и водата во тенџере, вклучуваме на средна температура, откако ќе зоврие шербетот оставаме да врие уште 5-6 минутки. Непосредно пред крајот додаваме неколку парчиња лимон - по желба.
2. Го тргаме настрана шербетот да истине. За тоа време ја припремаме баклавата.
Припрема на баклавата -
1. Прво го спремаме полнењето, го рендаме чоколадото, ги додаваме и мелените плазма бисквити и мелените ореви, мешаме убаво да се соединат состојките.
2. Потоа од секоја кора правиме еден ролат. На секој ролат на долната страна ставаме од филот околу 2 лажици, го виткаме ролатот постегнато и ги редиме во плех. Плехот не се премачкува со ништо. Јас го ставав филот од потесната страна бидејќи така ми одговараа димензиите на плехот, вие постапете според димензиите на плехот кој ви одговара спрема корите.
3. Откако ќе завршиме со сите ролатчиња, ги сечеме на 4 парчиња. За полесно сечење, прво сечеме на пола, па секоја половина пак ја сечеме на пола.
4. Пресечените парчиња ги прелеваме насекаде со лажица со растопен путер или маргарин, посебно на краевите да навлезе убаво за да не бидат суви. На крај премачкуваме убаво со помош на силиконска четка.
5. Печеме во загреана рерна на 190 степени до добивање на златна боја.
6. Откако ќе ја извадиме од рерната, веднаш ја прелеваме со шербетот.
7. Ја оставаме неколку часа убаво да го упие шербетот.
8. Декорираме со растопено чоколадо.

Забелешка - во една прилика додадов и 200 гр Таан алва (пасирана) има прекрасен мирис и вкус од неа.

На здравје!