Магична крем супа
Состојки
- 600 гр. сечкана црвена зелка
- 50 мл. неутрална павлака
- 1 кромид средна големина
- 1,5 л вода
- 25 гр. маслиново масло
- попотреба мускатно оревче
- прстофат сода бикарбона
- попотреба сол и црн пипер
Подготовка
1. Во тава на оган запржете го ситно сечканиот кромид додека омекне, потоа додадете ја ситно сечканата зелка и водата и варете ја додека не омекне. Тавата отстранете ја од оганот, додадете ги солта, црниот бибер, мускатното оревче и неутралната павлака и испасирајте со блендер се заедно додека смесата не стане кремаста.
2. Супата можете да ја конзумирате и само вака, но доколку ви се допаѓа мојата идеја за да ја направите магична додадете неколку капки сок од лимон или сода бикарбона. Супата од самата зелка добива виолетова боја, со додавање на неколку капки сок од лимон добива розева боја, а со додавање на прстофат сода бикарбона добива зелена боја.