Мафини од овесни снегулки
Состојки
- 250 гр овесни снегулки
- ½ пециво
- ½ лажиче цимет
- 5 лажици пире од јаболка
- 3 лажици мед
- 250 мл млеко
- 40 гр сецкани ореви
Подготовка
Да не ни биде досаден доручекот, смислувам различни варијанти на рецепти со овесни снегулки. Не се премногу благи за да бидат како десерт, но за доручек во комбинација со мед или путер од кикиритки се одлични. Јас ги сечам на половина ги мачкам со путер и ги составувам како сендвич = ))
Рецептот за пирето од јаболка е на следниов линк
1. Во длабок сад ги ставаме овесните снегулки, ги додаваме пецивото и циметот во нив , промешуваме.
2. Во друг длабок сад ги ставаме пирето од јаболка, медот и млекото, мешаме со метална жица да се соединат состојките. Во течната смеса ги додаваме овесните снегулки заедно со пецивото и циметот. Промешуваме. Ги додаваме сецканите ореви, промешуваме. Од смесата ставаме во калап за мафини во кој имаме ставено хартиени корпиња.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, зависно од рерната, ќе ги проверите треба да добијат убава кафенкаста боја