Испечати

Ванила Капучино

Ванила Капучино

Состојки

  • 2 г.л. Нескафе
  • 1 г.л. Шеќер
  • 50 мл Вода (ладна)
  • 2 Ванили (плус малку екстракт од ванила)
  • по потреба Млеко (топло)

Подготовка

1. Нескафето, шеќерот, ванилите (плус екстрактот) и водата ги ставаме во сад и ги миксираме 2-3 минути, додека да се згусне смесата.
2. Ја делиме смесата во 2 чаши, одозгора ставаме од топлото млеко, промешуваме... па пак ставаме малку од изматената смеса.

Екстрактот од ванила се става за поинтезивен вкус и мирис, но ако немате не мора.