Ермеклии горубии
Состојки
- 1 јајце
- 1 шолја шеќер
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 1 шолја масло
- 200 гр гриз
- Шербет
- 500 гр шеќер
- 750 мл вода
- шолја од малите (125мл)
- јатки ореви
Подготовка
Колачи од детството мои омилени.
1. Се мати јајцето со вилушка. Се додава шекер, сода, масло и гриз колку ке прима смесата. Мешајте до добивање на смеса која не се разлева при земањето во дланка.
2. Се обликуваат топчиња на поголемо растојание зошто ке нараснат колачите. Одозгора се става по една јатка орев. Се печат во загреана рерна .За тоа време се прави шербетот кој само што ке зоврие е готов.
3. Кога малку ке се запечат околу 15мин. се вадат од рерната и се полеваат со шербетот и пак се вракаат во рерна уште 10мин. Е овде ермеклиите ке нараснат.
На здравје!