Испечати

Пире од јаболка

Пире од јаболка

Состојки

  • 5-6 јаболка (околу 650 гр)
  • 300 мл вода
  • 1 лажиче цимет

Подготовка

Секогаш кога имам повеќе јаболка или ако ми стојат подолго па малку ќе омекнат од стоењето, го правам пирево од јаболка, кое во тегла во фрижидер може да го чувате 7-10 дена ( можеби може и подолго, но не ми останало толку долго ). Со тоа во секое време имам состојка плус за овесна каша, за мафини, го ставам врз гранола и слични комбинации.
Се прави многу лесно и брзо
1. Јаболката ги лупиме, чистиме од семките и сецкаме на мали коцки. Ги ставаме во тенџере на оган, ја додаваме водата и циметот, промешуваме. Оставаме да се вари на средна температура со повремено мешање околу 20тина минути, проверувајќи да не испари целосно водата. Кога ќе бидат омекнати јаболката, го тргаме тенџерето од оган, со рачен блендер ја блендираме смесата, да се добие пире. Оставаме да се излади и го ставаме во тегла.