Испечати

Сок од лимон (за растворање)

Сок од лимон (за растворање)

Состојки

  • 0,5кг Лимони
  • 1 кг Шеќер
  • 1,5 литар Вода
  • 2-3 Лимонтуси

Подготовка

1. Лимоните ги ставаме во сад со вода во кој ставаме и 2 големи лажици сода бикарбона. Ги оставаме околу пола час, па ги миеме и сечеме на парчиња.
2. Парчињата ги блендираме или ги мелеме на машина за мелење месо.
3. Во добиената каша од лимони ги додаваме водата и лимонтосите. Оставаме да отстои 24 часа.
4. Потоа сокот се цеди преку цедалка, па преку газа. На добиениот процеден сок му го додаваме шеќерот, промешуваме и оставаме да отстои пак 24 часа, со повремено промешување за да се стопи целосно шеќерот.
5. Се собира во шишиња и се чува на ладно и темно место.