Испечати

Сок од сливи

Сок од сливи

Состојки

  • 2кг сливи
  • 200 гр шеќер
  • 2литри вода

Подготовка

Приготвувајте сок од сливи во домашни услови.
1. Сливите измијте ги и исчистете ги од семките.
Ставете ги во голем сад и прекријте ги со шеќерот.
Полејте со топла вода.
2. Оставете ги 5 минути на шпорет да омекнат сливите.
Тргнете од оган.
3. Со блендер изблендирајте ги добро, а потоа исцедете ги со цедалка.
4. Полнете во стаклени чашички со капак или шишиња.
Може да се чува во фрижидер една до две недели.
Сокот од слива е многу здрав.
Убаво е да го конзумирате барем еднаш неделно.